Volvo S60

Возете и уживајте

Сигурно возење со динамичен стил и удобност при долги патувања.

Врвно управување

Седан за возачи

Динамичните контури и кабината фокусирана на возачот на Volvo S60 се дизајнирани за уживање во возењето. На патот, фино подесената шасија се справува со секој агол со врвна увереност. Интуитивната технологија гарантира дека секогаш ќе бидете во контрола, а удобноста на нашите седишта на долги растојанија Ве држи опуштени, километар за километар.

Поддршка за возачот

Park Assist Pilot

Нашиот удобен Park Assist Pilot го прави паркирањето пријатно. Го мери паркиралиштето и го паркира Вашиот автомобил со преземање на управувачот. Се користи за паралелно паркирање и, исто така, може да помогне при излегување од тесен паркинг простор.

Технологија и звук

Harman Kardon

Со неверојатно реалистичен сценски звук, како и подобрените перформанси на басот, овој звучен систем обезбедува неспоредливо искуство за секој патник.

Drive-E Engines

D4

Нашиот софистициран D4 Drive-E погон со 190hp / 400Nm овозможува да уживате повеќе при користење помалку гориво. Користејќи најсовремена дизел моторна технологија, D4 е дизајниран да Ви даде најефикасно и уверено возачко искуство. Ниската тежина на моторот придонесува за агилно ракување на патиштата, додека Start/Stop технологијата и нашата Eco функција го оптимизираат работењето на моторот и системот за климатизација за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.

Одберете го Вашиот стил

R-Design

Спортска предиспозиција

Cross Country

Цврсто и рафинирано

Polestar

Перформанси за реалниот живот